Томи Пол без многу мака го надигра Мусети за трофејот во лондонскиот Квинс

Американскиот тенисер Томи Пол го освои трофејот на АТП турнирот кој се играше на тревна подлога во лондонската населба Квинс, откако во финалето беше поуспешен од Италијанецот Лоренцо Мусети со 2-0, по сетови 6-1 и 7-6/8. 

Првиот сет комплетно му припадна на Американецот, додека во вториот Мусети прикажа одличен тенис и се обиде да го изненади фаворитот, но немаше сили за подвиг. Пол го доби тај-брејкот во своја полза и на тој начин стигна до четвртиот трофеј во кариерата. 

Двајцата тенисери продолжуваат со интензивните подготовки за настап на Вимблдон, кој ќе започне на 1 јули.