• Саше Љолес

Аргентинскиот и чилеанскиот тенисер ќе се сретнат во финалето на АТП 250 серијата што се игра на земјена подлога во главниот град на Чиле, Сантијаго.
Ечевери успеа во полуфиналето да го совлада Себастиан Баес со резултат 2-0 (7-5 и 6-3), додека домашниот тенисер Јари беше подобар од Шпанецот Хаиме Мунар со 2-1 во сетови (1-6, 7-6/4 и 6-1), во меч кој траеше повеќе од два ипол часа.
Финалето е закажано за вечерва во 23:00 часот по македонско време.