„Тоа што го правеше Надал на Ролан Гарос се смета за допинг во мојот спорт“

Рафаел Надал наиде на бројни критики од другите спортисти откако призна дека примил голем број инјекции во болното стапало за време на Ролан Гарос што му овозможило да го одигра целиот турнир без поголеми проблеми.

Најистакнатите критики доаѓаат од велосипедистите, за кои што таквите инјекции се забранети. Французинот Тибо Пинот, на социјалните мрежи прво напиша: „Денешните херои...“, а подоцна објасни што сакал да каже со тоа.

„Имам свои верувања за тоа што треба да биде спортот. Во оваа ситуација мојата порака беше за Надал, така всушност ја сфатија медиумите, но тоа можеше да биде секој - фудбалер, кошаркар, ракометар.

Кариерата на Надал не е доведена во прашање, а се почесто гледаме спортисти кои користат такви методи за да ја продолжат својата кариера. Но, таков метод на закрепнување се сметаше за допинг во мојот спорт. Зошто тоа не е случај со Надал?.

Надал во меѓувреме почна со рехабилитација на стапалото за да може да настапи на Вимблдон.