Титулата кај дамите на Вимблдон заминува во рацете на тенисерка од Чешка!

Вимблдон оваа година ќе добие чешка шампионка, откако Каролина Мухова и Линда Носкова обезбедија пласман во големото финале на најпрестижниот тениски турнир.

Ова ќе биде трет пат во последните четири години трофејот во женска конкуренција да заврши во рацете на чешка тенисерка. Минатата година титулата ја освои Полјачката Ига Швјонтек, додека претходно шампионки беа Чехинките Барбора Крејчикова и Маркета Вондроушова.

Линда Носкова, која е 12. тенисерка на светот, до финалето стигна со сигурна победа над Украинката Марта Костјук од 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Мечот траеше 81 минута, а Носкова во текот на целиот натпревар ја контролираше играта и заслужено избори место во своето прво финале на Вимблдон.

Во второто полуфинале, Каролина Мухова приреди вистински трилер против Коко Гоф. Деветтата тенисерка на ВТА-листата славеше со 2-1 во сетови (6-2, 1-6, 7-6), откако спаси меч-топка во драматичниот тај-брејк, кој го доби со 12-10. За Мухова ова ќе биде второ грен слем финале во кариерата, а воедно ја продолжи и победничката серија на десет последователни триумфи.