Тинејџерката Гоф ја наследи Вилијамс во полуфиналињата на УС Опен

Американската тенисерка Коко Гоф одигра феноменален натпревар и се пласира во полуфиналето на Грен Слем турнирот УС Опен кој се игра во Њујорк.

Гоф, која е шеста носителка на турнирот, во четвртфиналниот натпревар ја доби Летонката Јелена Остапенко со 2-0 во сетови (6-0, 6-2). Американката која важеше за фаворит имаше фантастичен прв сет, додека во вториот ѝ пропушти само два гема на ривалката.

Мечот меѓу Гоф и Остапенко траеше еден час и девет минути. За место во финалето Коко Гоф ќе се соочи со Сорана Кирстеа од Романија или Каролина Мучова од Чешка.

19-годишната Гоф влезе во првото полуфинале на УС Опен и таа е првата Американка која е тинејџерка, а играла во оваа фаза, по Серена Вилијамс во 2001 година.