Норвешкиот тенисер Каспер Руд е првиот финалист на УС Опен, откако во четири сета го совлада Русинот Карен Хачанов со 7-6/5, 6-2, 5-7, 6-2. Руд стигна до своето второ финале на Грен слем, како во оваа сезона, така и во целата своја кариера. Каспер сега е многу блиску до запоседнување на АТП тронот. А за да се случи тоа, треба да се случи едно од двете сценарија. Првото е Алкараз да не влезе во финале, а второто е ако Руд ја освои титулата.