Светскиот тенисер број еден Карлос Алкараз рано утрово се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави во тенос, откако во Њујорк го совлада германскиот играч Александар Зверев со 6-3, 6-2, 6-4.
Александар Зверев успеа да слави победа над Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, но за жал, тенисот не беше во прв план на овој дуел, поради инцидент со еден несовесен гледач на трибините.
Германскиот тенисер Александар Зверев направи изненадување и во маратонски меч од пет сета и пет часа, успеа да слави над шестиот носител на турнирот Јаник Синер со резултат 3-2 (6-4, 4-6, 6-2, 4-6, 6-3).
Фаворитите одиграа според планот попладнево на УС Опен. Од водечките десет тенисери пласман во следната фаза обезбедија Александар Зверев и Јаник Синер.
Александар Зверев и Данил Медведев, двајцата тенисери од новата генерација кои се вбројуваат меѓу фаворитите за Грен Слем трофејот на УС Опен, тргнаа со победи на престижниот турнир.
Уште во третото коло се очекува голема дерби пресметка на Мастерсот во Синсинати. Данил Медведев и Александер Зверев ги исполнија фаворитските улоги и закажаа меѓусебна пресметка.
Александар Зверев го освои турнирот што се игра во неговиот роден град, Хамбург, откако во финалето славеше победа со 2-0 над Србинот со унгарско потекло, Ласло Ѓере, по сетови 7-5, 6-3.
Казахстанскиот тенисер Александар Бублик е првиот финалист на АТП-турнирот што се игра во Хале, Германија, откако славеше победа со 2-0 над домашниот претставник Александар Зверев, по сетови 6-3, 7-5.
Германецот Александар Зверев успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот што се игра во Хале, откако го совлада Чилеанецот Николас Јари со 2-0, по сетови 7-5, 6-3. Дуелот траеше скоро два часа, а се чини дека искуството и поголемата концентрација му ја донесоа победата на Зверев.
Александар Зверев се најде во непријатна ситуација за време на Ролан Гарос. Имено, германскиот тенисер боледува од дијабетес, па одамна самиот си внесува дози на инсулин.
Норвешкиот тенисер Каспер Руд е вториот финалист на овогодишниот Ролан Гарос. По долгоочекуваното полуфинале меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, на кое младиот шпански ас поради повреда не можеше да го следи ритамот на големиот шампион, ниту второто полуфинале не донесе поголеми возбудувања и неизвесност. Четвртиот тенисер на светот покажа квалитет и буквално го „здроби“ Германецот во три сета (6-3, 6-4, 6-0).
Александар Зверев повторно е во полуфиналето на Ролан Гарос, откако минатата година доживеа тешка повреда во оваа фаза на натпреварувањето. Тогаш, Германецот ги повреди лигаментите и го предаде мечот со Рафаел Надал, а сега ќе има шанса да оди чекор понатаму.
Германскиот тенисер Александар Зверев и Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери доцна вечерва последни обезбедија место меѓу осуммината најдобри и се пласираа во четвртфиналето на Ролан Гарос.
Александар Зверев е осминафиналист на Ролан Гарос, откако со пресврт го совлада Франсис Тиафо со 3-1. Американецот успеа сериозно да го измачи фаворитот, поведе во првиот сет и пружи отпор со два тај-брејка, меѓутоа на крајот го положи оружјето.
Рускиот тенисер Данил Медведев го искористи моментот на замор кај Алексндар Зверев и го победи во два сета (6-2, 7-6) во рамките на осминафиналето на Мастерс-турнирот во Рим.
Александар Зверев извојува победа над Давид Гофин со резултат 2-1 во сетови во второто коло на Мастерсот во Рим. По натпреварот најмногу се зборуваше за моментот кога Зверев си вбризгаше во ногата. Многумина се прашуваа за што се работи, но германските медиуми брзо се присетија на здравствените проблеми со кои се справувал Зверев.