Белгискиот тенисер Давид Гофан се пласира во второто коло на Вимблдон. Искусниот Белгиец по три сета со 6-2, 6-2, 7-6 го победи 113. играч во светот Раду Албот од Молдавија. Гофан во второто коло ќе игра против Аргентинецот Себастијан Баес, кој го победи Таро Даниел од Јапонија со 6-4, 6-4, 7-5.