Полската тенисерка Магда Линет ќе игра во полуфиналето на Австралија Опен, откако забележа голема победа над Каролина Плишкова од Чешка со 6-3, 7-5. Со овој успех таа стана третата тенисерка од Полска, која што се пласирала меѓу најдобрите четири на Грен слемот во Мелбурн, по Агњешка Радванска и Ига Швјонтек и веќе обезбеди скок на 22. место на ВТА листата.