Рускиот тенисер Данил Медведев загуби 205 бода во однос на минатонеделната листа, но сепак е прв и официјално најдобар тенисер во светот со 7.955 бода, додека втор на АТП листата е Германецот Александар Зверев со 7.030 бода.
Полскиот тенисер Хуберт Хуркач уште еднаш потврди дека игра во врвна форма во овој дел од сезоната и во големото финале на турнирот од серијата 500 во Хале го „збриша“ големиот фаворит и прв светски тенисер Данил Медведев со 6-1, 6-4.
Полскиот тенисер Хурберт Хуркач и рускиот ас Данил Медведев се финалистите на мастерс-турнирот на трева кој се игра во германскиот град Хале, како најава за Грен Слем турнирот Вимблдон во Велика Британија.
По комплетирањето на Ролан Гарос, АТП ранкингот претрпе промени во најдобрите десет на листата. Новак Ѓоковиќ ја започна 373 седмица на врвот на светската ранг листа, ама од следниот понеделник ќе мора да ја отстапи.
Втората недела на Ролан Гарос започна со првокласно изненадување. Марин Чилиќ го декласира вториот носител Данил Медведев во три сета со 6-2, 6-3, 6-2 и обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот.
Данил Медведев се пласира во третото коло на Ролан Гарос. По победата над Ласло Ѓере (3-6, 4-6, 3-4), рускиот ас во следната фаза ќе се надигрува со уште еден Србин, Миомир Кецмановиќ.
Вториот светски рекет Данил Медведев без многу проблеми се пласираше во второто коло на Грен слемот во Париз. Медведев за само сто минути со идентични 6-2 во сите три сета го елиминира 103. играч на светот, Аргентинецот Факундо Бањис.
Рускиот тенисер, Данил Медведев се врати на терените со пораз од Гаске во Женева, а сега ќе заигра и на Ролан Гарос. Поради својот пласман на АТП ранкингот, Русинот е втор носител на турнирот.
Рускиот тенисер Данил Медведев загуби од Хуркач со 7-6/7, 6-4 во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами и со тоа ја пропушти можноста повторно да го преземе првото место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ.
Русинот Данил Медведев не е истиот тенисер по поразот во финалето на Австралија Опен. Светскиот рекет број два неочекувано загуби од Полјакот Хуберт Хуркач со 0-2 во сетови (6-7/7, 3-6) во четвртфиналето од турнирот од Мастер серијата во Мајами. Со овој пораз Медведев ја пропушти последната шанса експресно да се врати на првото место на АТП листата.