Алекс Де Минер славеше во маратонот на третиот натпревар на Лејвер Купот во Лондон, победувајќи го домашниот натпреварувач Енди Мареј со 1-2 (7-5, 3-6, 7-10). Пресметката во „О2 Арена“ беше изедначена до самиот крај, а заврши со прв бод на контото на Тим Америка, откако претходно за Тим Европа победуваа Руд и Циципас.