Најдобриот српски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ заработи најмногу пари во светскиот тенис во 2020 година. Првиот рекет на АТП листата оваа година во својата каса инкасираше нови 6,5 милиони долари, вклучително и наградите од успесите во двојки. Во 2020 година освои четири титули - Австралија Опен, каде заработи нешто повеќе од четири милиони долари, Дубаи, Синсинати и Рим.