Освојувачот на Мастерс турнирот во Монте Карло, Рафаел Надал продолжи со одличните игри и во Барселона и лесно стигна до четвртфиналето. Шпанецот денес го совлада Кевин Андерсон од Јужна Африка со 2-0 (6-3, 6-4).
„Кралот“ на земјената подлога, Рафаел Надал, вчера триумфираше на третиот Мастерс сезонава, кој се одржа во Монте Карло. Во финалниот дуел по еден атомски тенис го „збриша“ Алберт Рамон-Вињолас со 2-0 во сетови (6-1, 6-3) и стана единствениот тенисер во историјата што стигна до десет трофеи на еден голем турнир.
Најдобриот шпански тенисер во историјата, Рафаел Надал, уште еднаш докажа зошто го нарекуваат КРАЛ на земјената подлога, откако попладнево триумфираше на третиот Мастерс сезонава во Монтекарло и стана единствениот тенисер со 10 титули во кнежевството.
Давид Гофин од Белгија одигра фантастичен турнир на Мастерсот во Монте Карло, но денес ја загуби главата по една непромислена грешка на главниот судија. При водство од 3-2 и брејк на негова страна, белгискиот тенисер требаше да поведе и со 4-2 со оглед на огромното промашување на Рафаел Надал.
Бранителот на титулата Рафаел Надал е вториот финалист на Мастерсот во Монте Карло и закажа за утре шпанско финале против Алберт Рамос Виналес. Во изедначен прв и доминантен втор сет Надал го победи Даниел Гофин од Белгија со 2-0 во сетови (6-3, 6-1).
„Кралот на земјата“ Рафаел Надал се наоѓа на само две победи до десеттиот Мастерс во Монтекарло. Шпанецот трипати го загуби својот сервис против жилавиот Шварцман од Аргентина, но успеа за нешто повеќе од 70 минути да го скрши отпорот на изненадувањето од турнирот и со 2-0 (6-4, 6-4) да обезбеди полуфинале против Даниел Гофин.
Рафаел Надал, најдобриот шпански тенисер во историјата уште еднаш потврди дека неговото време оваа сезона штотуку дојде, откако во еден перфектен меч со 2-0 во сетови ja совлада тениската надеж на Германија, Александар Зверев.
Некогашниот најдобар тенисер на планетата, Рафаел Надал, со победа ги започна настапите на земјена подлога. Шпанскиот ас потешко од очекуваното славеше триумф над Британецот Кајл Едмонд со 2-1 во сетови во рамките од второто коло на Мастерсот во Монтекарло.
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал игра одлична сезона, во која беше блиску до освојување на големи трофеи во првите три месеци. На патот до успехот му застана стариот познаник, Роџер Федерер, кој е единствениот тенисер со повеќе бодови од стартот на новата година.
Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ нема да може да се сретнат во финалето на Мастерсот во Монте Карло кој почнува во текот на денешниот ден. Победникот на Австралија опен во Мелбурн, и на Мастерс турнирите Индијан Велс и Мајами, Роџер Федерер нема да настапи, па го поремети костурот и Ѓоковиќ и Надал ако победуваат до полуфинале, ќе се соочат во меч за влез во финалето.
Рафаел Надал се наоѓа пред омилениот дел од сезоната, турнирите на земјена подлога. Шпанецот е крунисан „крал“ на црвените терени, а пред себе има уште еден предизвик, 10. титула во Париз на Ролан Гарос.
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ моментално е во Белград каде се подготвува за претстојниот Дејвис Куп дуел против Шпанија. Воочи натпреварите против Шпанците за српските медиуми Ноле зборуваше за очекувањата од овој четвртфинален дуел, но ја искористи можноста и ги пофали неговите ривали Надал и Федерер за одличните игри кои ги прикажуваат оваа сезона.
Синоќа, во уште еднен епски тениски меч легендарниот Роџер Федерер се закити со трофејот на вториот Мастерс сезонава, Мајами. Во големото финале против Рафаел Надал, Швајцарецот докажа дека годините се само бројка и дека моментално го игра најубавиот тенис меѓу колегите. Сето тоа го потврди и Надал, кој повторно остана со помалиот пехар.
Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал синоќа во финалниот дуел од Мастерсот во Мајами загуби од Роџер Федерер. Воочи овој дуел седмиот рекет на АТП листата говореше за легендарниот Швајцарец, но ја искористи можноста да го искаже своето мислење за состојбата со Новак Ѓоковиќ, велејќи дека се сомнева дека тој е повреден.
Роџер Федерер е победник на Мастерсот во Мајами и ја продолжува доминацијата во 2017 година. По Австралија Опен и Индијан Велс, 35-годишниот Швајцарец го освои и турнирот во Ки Бискејн, откако во меч кој траеше еден и пол час, го совлада големиот ривал Рафаел Надал со 2-0 во сетови (6-3, 6-4). Ова е трета титула на овој турнир за најтрофејниот тенисер воо историјата на Грен слем турнирите и негов 91. трофеј во кариерата.
Се наближува почетокот на втората четвртина од тениската сезона оваа година, а некогашниот најдобар тенисер, Новак Ѓоковиќ, е во длабока сенка на легендарните Надал и Федерер, не само на теренот, туку и во медиумите.
Најуспешниот тенисер во историјата, Роџер Федерер за само неколку седмици ќе игра ново Мастерс финале и по титулата во Идијанс Велс, сега ќе има шанса повторно да се закити со трофејот во Мајами.
Фабио Фоњини, иако важи за еден од најнезгодните противници за Рафаел Надал, денес беше тотално надигран од шпанскиот ас и заслужено остана без финале на Мастерсот во Мајами.