Раната елиминација на Роџер Федерер на турнирот во Мајами му овозможи на Рафаел Надал да се врати на првото место на АТП листата. Швајцарецот ја бранеше титулата на Мастерс турнирот во САД, па поразот во првото коло од Танасис Коканакис го остави без огромен број на поени и го врати место наназад во борбата со лутиот ривал.
Првиот тенисер на светот Рафаел Надал наскоро им се враќа на тениските терени, откако го потврди своето учество за Дејвис Куп селекцијата на Шпанија на мечот против Германија.
Поразот на Роџер Федерер на стартот на турнирот во Мајами значи дека Рафаел Надал ќе се врати на првата позиција на АТП листата на следното рангирање на 2 април.
Најдобриот тенисер на светот Роџер Федерер призна дека чувствува мал притисок пред стартот на настапите на Мастерсот во Индијан Велс, каде ја брани титулата.
Легендата на тениската игра Роџер Федерер остана на првата позиција на најновата АТП ранг-листа и моментално со 10.060 поени на ова место може да остане подолго од очекуваното. Најголема заслуга за тоа има шпанскиот ас и голем ривал на Швајцарецот, Рафаел Надал, кој поради повреда го откажа настапот во Акапулко, а нема да биде дел ниту на претстојните Мастерси во Индијан Велс и Мајами.
Повредите се честа појава кај Рафаел Надал, кој немаше посакуван старт на новата сезона. Колкот му направи проблеми во четвртфиналето на Австралија Опен и го остави хендикепиран во наредните неколку месеци.
Стефан Едберг, некогашниот најдобар тенисер на светот, вели дека Роџер Федерер веројатно е најдобриот тенисер на сите времиња, но смета дека Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ имаат квалитет да го достигнат.
Рафаел Надал го откажа учеството на Отвореното првенство на Мексико во Акапулко. Шпанецот пристигна да ја брани титулата, но на тренинзите пред мечот со Фелисијано Лопез почувствува болки во десната нога и се откажа, неризикувајќи посериозна повреда.
Рафаел Надал, сега поранешниот рекет број еден на АТП листата, мораше да направи пауза по Австралија Опен, поради повредата која го натера неуспешно да го заврши првиот Грен слем во сезоната.
Светскиот рекет број еден, Рафаел Надал го потврди настапот на АТП Мексико опен во Акапулко кон крајот на февруари. Повредата заради која го предаде четвртфиналето на Австралија опен поради болки на мускулот на левата нога е минато и Шпанецот веќе е во тренажен процес.
Првиот рекет на светот, Рафаел Надал беше прогласен за најдобар спортист на Шпанија според „Мундо Депортиво“, а на свечената церемонија ги искажа своите очекувања од новата сезона на АТП.
Заради челинџерите и Дејвис Купот, АТП ранг-листата не претрпе поголеми измени. На челната позиција сè уште е Рафаел Надал со само 150 бода повеќе од големиот ривал, Роџер Федерер.
Некогашниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по пауза од три и пол години конечно забележа скок на АТП листата и сега со 2.470 бода е на 13. позиција.
Светскиот рекет број еден, Рафаел Надал заработи повреда на вчерашниот меч против Марин Чилиќ, па мораше да го предаде четвртфиналниот дуел во Мелбурн.
Првиот рекет на АТП ранг-листата, Рафаел Надал, утрово беше елиминиран в четвртфиналето на Австралија Опен, откако поради повреда мораше предвреме да го заврши мечот со Марин Чилиќ.
Рафаел Надал без многу проблеми го совлада Босанецот Дамир Џумхур со 3-0 (6-1, 6-3, 6-1) и обезбеди пласман во осминафиналето на Австралија опен. Денешниот дуел во Мелбурн беше и јубилејен за Надал, бидејќи е негов 550. во кариерата.
Шпанецот, Рафаел Надал ја прескокна и втората пречка на Австралија Опен (АО), откако славеше нова победа без загубен сет против Леандро Мајер со 3-0 (6-3, 6-4, 7-6/4). Во следното коло за противник, Надал ќе го има Босанецот Џумхур.
Шпанецот Рафаел Надал моќно го започна своето учество на Австралија Опен (АО), откако на Виктор Естрела му препушти само три гема и го совлада со 3-0 (6-1, 6-1, 6-1).
Пред настапот на претстојниот Австралија Опен, Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека неговите години му помагаат за да не го чувствува големиот притисок, бидејќи многумина го гледаат како еден од главните фаворити.