„Кралот“ на земјената подлога Рафаел Надал е пред уште едно големо финале на АТП турнирот во Барселона. Рекетот број еден, кој десет пати триумфираше на овој турнир, денес повторно обезбеди место меѓу четирите најдобри, откако со сигурни 2-0 (6-0, 7-5) славеше над сензацијата од Словачка, Мартин Клизан.