Најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал со пораз го започна Мастерс Купот во Лондон, откако во маратонски меч загуби од Белгиецот Даниел Гофин со 2-1 во сетови (7-6/5, 6-7/4, 6-3). Надал се бореше во сите три сета, спаси неколку меч топки во вториот, се врати од 1-4 во одлучувачкиот трет сет, но не можеше да го избегне поразот.