Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе продолжи на Ролан Гарос. Шпанецот ќе ја брани титулата од минатата година која ја освои со беспрекорен настап во финалето токму против српскиот тенисер.
Андреј Рубљев приреди сензација и го победи Рафаел Надал во четвртфиналето на АТП турнирот во Монте Карло со 2-1. Младиот Русин доби два сета со по 6-2, го надигра „бикот од Мајорка“ и се пласира меѓу четирите најдобри каде за ривал ќе го има Капсер Руд.
Шпанскиот ас Рафаел Надал на одличен начин се врати на тениските терени и го збриша Федерико Делбонис од Аргентина (6-1, 6-2) на стартот од турнирот во Монте Карло.
Низ годините Рафаел Надал се соочил со многу повреди. Во еден момент имаше големи проболеми со колената, па јавноста стравуваше дека би можел многу рано да ја заврши тениската кариера.
Рафаел Надал продолжи да откажува турнири во новата сезона. Грбот го натера шпанскиот тенисер да соопшти дека нема да игра ниту на Мастерс турнирот во Мајами.
Фудбалскиот стадион на Реал Мадрид треба да биде поприште на голем тениски спектакл. Во моментов се реновира стадионот „Сантијаго Бернабеу“, во проектот вреден повеќе од половина милијарда евра, по што ќе се прошири на 81.000 места и ќе има модерен покрив.
Најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ даде интересна изјава за француските медиуми, во која се осврна на Ролан Гарос. Турнирот во Париз му претставува проблем, а главна пречка многу пати му бил Рафаел Надал. Србинот се пошегува и од новинарите побара мислење како да го реши својот проблем.
Со секој нов успех на „големата тројка“, се отвора прашањето кој е најголем на сите времиња. Рафаел Надал и Роџер Федерер засега ја имаат предноста, со оглед на бројот на титули на Грен слем турнирите во однос на Новак Ѓоковиќ.
Рафаел Надал речиси сигурно ќе ја загуби втората позиција на АТП листата. Повредата на грбот го натера Шпанецот да откаже неколку планирани настани во новата сезона.
Долго време со заборува за „новата генерација“ тенисери, но ниту на првиот голем турнир во новата сезона еден од тенисерите кои треба да бидат иднината на спортот не успеа да ѝ застане на патот на „големата тројка“.
Данил Медведев нема пораз на последните 20 официјални меча. Одличната серија му овозможи да обезбеди финале на Австралија опен, каде ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, бранителот на титулата од минатата сезона.
Стефанос Циципас е последниот полуфиналист на Австралија опен. Гркот се надмина себеси и денес славеше против Рафаел Надал со 3-2 (3-6, 2-6, 7-6/4, 6-4, 7-5) за нешто повеќе од четири часа игра.
Иако турнирот не го започна 100% фит, а пред себе ја имаше и најсериозната пречка досега, Рафаeл Надал експресно се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен.