Еден од најхаризматичните тенисери на денешницата е Италијанецот Фабио Фоњини. Неговиот карактер понекогаш му носи проблеми на терените, а со тоа и во постигнувањето големи резултати во кариерата.
Роџер Федерер полека го открива календарот за претстојната сезона. По поразот на Австралија опен во полуфиналето, негов кам-бек на терените се очекува во Дубаи (24-29 февруари).
Во хуманитарниот „Меч за Африка“ пред повеќе од 50.000 љубители на тениската игра во Кејп Таун, Роџер Федерер славеше победа над својот голем ривал Рафаел Надал.
Роџер Федерер го доби „Мечот за Африка“ против големиот ривал Рафаел Надал со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 6-3). Средбата меѓу двата тениски великани беше одиграна како помош за Фондацијата Федерер која ќе донира средства за децата во Африка.
Рафаел Надал и Роџер Федерер се сретнаа во егзибиционен дуел во Јужна Африка, а освен стандарден меч во сингл конкуренција, тие играа и двојки со познати личности.
Настапот на легендарниот Роџер Федерер на овогодишниот Австралија Опен заврши со пораз во полуфиналето. Подобар од швајцарскиот ас беше Новак Ѓоковиќ кој триумфираше со 3-0 во сетови, во еден од најкратките меѓусебни дуели на големите ривали.
Полуфиналната пресметка во Мелбурн меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер го даде првиот патник во неделното финале. Тоа е српскиот тенисер кој освои три сета и лесно стигна до нов обид да освои титула на Австралија опен.
Големите проблеми на патот до полуфиналето на Австралија опен ги натера фановите на Роџер Федерер да се сомневаат дали тој воопшто ќе се натпреварува на следниот меч.
Швајцарскиот ас Роџер Федерер доби парична казна поради инцидентот со српската судијка Маријана Вељовиќ која беше дел од неговиот меч против Тенис Сандгрен.
Малку фалеше за голема сензација на Австралија Опен, откако 100. тенисер на светот, Тенис Сандгрен не успеа да искористи седум меч топки и дозволи пораз од легендарниот Роџер Федерер во четвртинафиналето на Грен слемот во Мелбурн.
Роџер Федерер на спектакуларен начин стигна до ново полуфинале на Австралија Опен. За многумина еден од најдобрите тенисери на сите времиња далеку потешко од очекуваното се справи со изненадувањето од САД, Тенис Сандгрин и по пет сета обезбеди место меѓу четирите најдобри на Грен слемот во Мелбурн.
Легендарниот Роџер Федерер ги продолжува своите настапи на Австралија Опен, откако со 3-1 во сетови славеше победа на Мартин Фуксович од Унгарија во последниот меч од денешната програма на Грен слемот во Мелбурн.