Најуспешниот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, беше искрен во својата изјава и ги посочи Надал и Ѓоковиќ како први фаворити на претстојниот Грен слем, Ролан Гарос. Претходно рекетот број 1, Новак Ѓоковиќ изјави дека тој не е главен фаворит за освојување на Ролан Гарос, туку таа улога му го препушта на Шпанецот, Рафаел Надал. Нешто слична беше и проценката на Швајцарецот, кој вели дека Ѓоковиќ можеби има најголеми шанси, но Надал е Надал.