Гркот Стефанос Циципас се пласира во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија во тенис, откако по три сета со 6-2, 7-6, 6-3 го совлада 63. играч на светот, Холанѓанецот Талон Грикспур. По два часа и осум минути победата ја однесе четвртиот тенисер во светот. Трипати му одзеде сервис на противникот, кој не успеа да направи ниту еден брејк.