Продолжува магичната 2020 година за Новак Ѓоковиќ. Светскиот рекет број еден го освои и третиот турнир во новата година, откако по АТП Купот и Австралија Опен, славеше и на Отвореното првенство во Дубаи. На турнирот од серијата 500, Ѓоковиќ полесно од предвиденото го победи Циципас во финалето со 2-0 (6-3, 6-4) за 79 минути игра.