Норвешкиот тенисер Каспер Руд е вториот финалист на турнирот во Гштад, Швајцарија, благодарение на победата над Алберт Рамос-Винољас со 2-0 во сетови (6-2, 6-0).
Рафаел Надал е во центарот на спортската јавност поради новата победа на Ролан Гарос. Шпанскиот тенисер стигна до трофејот број 14 во Париз и ја освои 22-та Грен слем титула во кариерата.
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го освои својот 22. Грен слем трофеј во кариерата! „Бикот од Мајорка“ во финалето на Ролан Гарос беше подобар од Каспер Руд и со експресни 3-0 (6-3, 6-3, 6-0) го среди ривалот. Најуспешниот на турнирот во Париз не дозволи изненадувања на „Филип Шатрие“, па воден од публиката за неполни два ипол часа дојде до трофејот.
Додека сите се обидуваат да проценат кој ќе победи во неделното финале на Ролан Гарос, поранешниот тренер Рафаел Надал, неговиот вујко Тони, даде чудна изјава за француските медиуми.
Можеби не е она што го oчекуваше тениската јавност, но финалето е финале и во него ќе се судрат Рафаел Надал и Каспер Руд (15:00 часот). Норвежанецот досега можеше само да ги гледа големите финалиња кои што Надал ги одиграл во Париз, но на овој турнир игра фантастичен тенис и сигурно ќе биде незгоден ривал за шпанскиот рекордер.
Грен слем рекордерот, Рафаел Надал, ќе има шанса да го продлабочи својата легенда на Ролан Гарос. Шпанскиот ас в недела ќе се бори за својот четиринаесетти трофеј на земјената подлога во Париз, а во пресрет на финалето Каспер Руд, уште еднаш ја апострофираше повредата на стапалото за која многу се зборува деновиве.
Младиот тенисер од Норвешка, Каспер Руд славеше во второто полуфинале на Ролан Гарос и ќе се бори за трофејот со „кралот“ Рафаел Надал. Норвежанецот вечерва беше подобар од Марин Чилиќ, откако со 3-1 го надигра и исфрли од турнирот. За двајцата тенисери ова беше најголем успех во Париз, а Руд има шанса да го продлабочи својот прв голем момент во кариерата.
Осмиот тенисер на светот, Каспер Руд се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, откако го совлада данскиот as Холгер Руне со 6-1, 4-6, 7-6/2, 6-3. Норвежанецот за три часа и 15 минути триумфираше над 40. играч во светот.
Карлос Алкараз е нов шампион на Мастерс турнирот во Мајами. Младиот шпански ас денес во финалето го совлада Каспер Руд од Норвешка со 2-0 во сетови (7-5, 6-4). По речиси два часа игра, 18-годишникот го сруши апсолутниот рекорд на Новак Ѓоковиќ и стана најмлад освојувач на титула од Мастерс серијата.
Каспер Руд покрај сите очекувања го надигра и елиминира Александар Зверев во четвртфиналето на АТП турнирот во Мајами со 2-1. Норвежанецот за час и 39 минути го исфрли фаворизираниот ривал кој се очекуваше дека ќе се бори за трофејот на вториот Мастерс во Соединетите Американски Држави.