Русинот Андреј Рубљев се пласира во четвртфиналето на Австралија Oпен по неверојатен трилер против Данецот Холгер Руне, кого го совлада со 3-2 во сетови 6-3, 3-6, 6-3, 4-6, 7-6/9. Русинот одигра чудесен натпревар. Двапати имаше сет негатива, а во петтиот двапати беше на работ на пораз. Но, херојски се врати во игра и извојува голема победа.