Холгер Руне пролетва на тениската сцена покажа одлична форма. Младиот дански тенисер го освои турнирот во Минхен, додека играше во финалето на Мастерсите во Монте Карло и Рим. Самиот тој смета дека поради тоа е во можност да освои Грен слем до крајот на годината.
Холгер Руне одигра сосема респектабилен турнир во Рим, меѓутоа во финалето беше поразен од Данил Медведев. За младиот Данец ова беше добра увертира за Ролан Гарос, турнир на кој според него само еден тенисер е апсолутен фаворит. Секако, се работи за Новак Ѓоковиќ, ривалот кој токму Руне го исфрли на Мастерсот во „вечниот град“.
Рускиот тенисер Данил Медведев одигра добро финале и го крена трофејот на АТП турнирот во Рим. Во мечот за титула, Русинот беше подобар од Холгер Руне со 2-0 (7-5, 7-5). Данецот покажа дека е во добра форма, се спротивстави и парираше, меѓутоа не успеа да изненади уште еден фаворит.
Холгер Руне е првиот финалист на АТП Мастерс турнирот во Рим, откако ја доби скандинавската пресметка со Каспер Руд (2-1). Данецот покажа дека е во налет, па откако го исфрли и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, ќе се бори за трофејот.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изненадувачки ги заврши настапите на мастерсот во Рим во четвртфиналето, со пораз во дуелот против Холгер Руне од Данска со 1-2 во сетови (2-6, 6-4, 2-6).
Во текот на неделната програма на АТП Мастерсот во Мадрид дојде до две изненадувања. Ако Карлос Алкарас, Александар Зверев и Андреј Рубљев одиграа според планот, Холгер Руне и Хуберт Хуркач се сопнаа во третата рунда на турнирот.
Рускиот тенисер Андреј Рубљев конечно успеа да ја освои првата Мастерс титула од АТП 1.000 серијата. Шестиот светски тенисер славеше во финалето против Данецот Холгер Руне со 2-1 во сетови. (5-7, 6-2, 7-5)
Престижниот АТП-Мастерс кој се игра во Монте Карло ни понуди неколку интересни и неочекувани резултати. Како што е веќе познато, од турнирот во кнежевството веќе испадна првиот носител и најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, а ден порано натпреварувањето заврши и за Каспер Руд.
Новак Ѓоковиќ со голем оптимизам допатува во кнежевството и ќе учествува на престижниот АТП турнир во Монте Карло. Најдобриот светски тенисер е познат по својата харизма, смислата за хумор и желбата да се дружи со сите луѓе, па и овој пат тоа не е поинаку.
Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во изминатите години водеа жестоки битки на тениските терени. Поради тоа во последниот период актуелна е дебатата за тоа кој е најдобар играч на сите времиња (GOAT). Се извлекуваат различни аргументи и параметри, а мислењата секако се поделени.
Младиот дански тенисер Холгер Руне приреди сензација и со пресврт го совлада Новак Ѓоковиќ на последниот Мастерс годинава во Париз. Данецот покажа карактер и го крена трофејот во Берси, победувајќи го големиот шампион, а тоа доведе до многу емоции.
Данецот Холгер Руне ќе игра за третата АТП титулата во својата кариера. Младиот тенисер го совлада Феликс Оже-Алијасим (6-4, 6-2) и обезбеди финале на турнирот во Париз.
Младиот Холгер Руне се најде во очите на јавноста, откако стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос. Данецот не успеа да го мине скандинавскиот ривал Каспер Руд, кој подоцна стигна до финалето и загуби од Рафаел Надал.
Осмиот тенисер на светот, Каспер Руд се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, откако го совлада данскиот as Холгер Руне со 6-1, 4-6, 7-6/2, 6-3. Норвежанецот за три часа и 15 минути триумфираше над 40. играч во светот.
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ триумфално тргна на стартот на УС Опен, откако лесно ја мина првата пречка во името на Холгер Руне со 3-1 (6-1, 6-7, 6-2, 6-1).