Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е пред најголемиот предизвик на Ролан Гарос. Српскиот ас во полуфиналето ќе се сретне со Шпанецот Карлос Алкараз, а според општите проценки овој дуел е окарактеризиран како „финале пред финалето“. Мечот е планиран како прв дуел во денот на централниот терен „Филип Шатрие“.
Новак Ѓоковиќ против Карлос Алкараз - вторпат во кариерата. Премиерниот меч, во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, Шпанецот го доби пред нешто повеќе од една година, а денес Ѓоковиќ има можност да му се реваншира и да обезбеди пласман во големото финале на Ролан Гарос.
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на францускиот Грен-Слем и таму ќе се соочи со првиот светски рекет, Карлос Алкараз.
Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, водечки на АТП листата, се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, откако во четвртфиналето убедливо го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6-2, 6-1, 7-6/5.
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз одигра феноменален дуел и со сигурна победа над италијанскиот ас Лоренцо Мусети се пласира во четвртфиналната фаза на Грен Слем турнирот Ролан Гарос.
Првиот носител на вториот сезонски Грен слем турнир Ролан Гарос, Карлос Алкараз, се пласира во третото коло. Без премногу потешкотии, иако загуби еден сет, го исфрли Таро Даниел со 3-1 (6-1, 3-6, 6-1, 6-2).
Првиот носител на Ролан Гарос, Карлос Алкараз тргна со убедлива победа над младиот Флавио Коболи од 3-0. Шпанскиот ас играше неполни два часа, за кои успеа да го исфрли 21-годишниот Италијанец кој пружи и малку отпор на „Сузан Ленглен“ во Париз.
Овогодишниот Ролан Гарос, кој стартува викендов, ќе биде специфичен, необичен бидејќи нема да се натпреварува оној кој секогаш е прв фаворит за кревање на трофејот кога ќе стапне на париската земјена подлога. Рафаел Надал за првпат од 2004 година нема да игра на Грен слем турнирот кој го освои четитирнаесет пати, а Новак Ѓоковиќ доаѓа во Париз во својата потрага по рекордниот 23. Грен слем по неубедливата увертира на земјена подлога во претходниот месец.
Британскиот тенисер Енди Мареј во понеделникот наполни 36 години, а поранешниот најдобар играч во светот сè уште е активен и покрај бројните здравствени проблеми кои ги имаше последните сезони. На социјалните мрежи во свој карактеристичен духовит стил допре до еден тековен проблем во светот на тенисот – големината на тортата.
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз неочекувано ги заврши настапите во 1/16-финалето на Мастерс-турнирот кој се игра во Рим, Италија, како најава за претстојниот Ролан Гарос.
Карлос Алкараз славеше рутинска победа против АТП Мастерсот што се игра во Рим, против сонародникот Алберт Рамос Винолас (2-0). Со оваа победа и пласманот во следната рунда, Алкараз и математички од понеделник ќе го преземе врвот на АТП ранкингот. Околу самата средба, фаворитот не дозволи изненадувања. Првиот сет го доби со 6-4, а потоа беше уште поубедлив и со 6-1 ја потврди победата.
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, имаше прилично добра ждрепка за Мастерсот во Рим. Спрскиот ас собирот во италијанската престолнина ќе го започне од второто коло против Лука Ван Аше од Франција или Мартин Ечеверија од Аргентина.
Карлос Алкараз не дозволи изненадување и го освои Мастерс турнирот во Мадрид, откако во финалето го совлада Жан Ленард Штруф (2-1). Шпанскиот ас по победата беше емотивен, особено бидејќи игра на свое тло.
Нема промени на врвот на АТП рангирањето ниту по Мастерсот во Мадрид. Иако Карлос Алкараз го крена трофејот, не успеа пак да го зазеде водечкото место на ранкингот.
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз на најубав можен начин го прослави дваесеттиот роденден откако се пласира во финалето на АТП 1.000 Мастерсот што се игра во Мадрид. Тој славеше победа над Хрватот Борна Чориќ со 2-0 по сетови, во меч кој траеше нешто повеќе од час и половина, а младиот шпански тенисер беше навистина расположен за игра.
Карлос Алкараз рутински се справи со Карен Хачанов и го исфрли во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Мадрид. Шпанскиот ас без загубен сет, за 112 минути успеа да го совлада ривалот од Русија со 2-0 (6-4, 7-5).
Карлос Алкараз докажа дека е во вистински ритам во важен дел од сезоната, откако дуелот кој требаше да биде дерби против Александар Зверев, речиси рутински го доби со 2-0. Осминафиналната пресметка на АТП Мастерсот во Мадрид во целост му припадна на Шпанецот кој за час и 23 минути го елиминира ривалот.
Во текот на неделната програма на АТП Мастерсот во Мадрид дојде до две изненадувања. Ако Карлос Алкарас, Александар Зверев и Андреј Рубљев одиграа според планот, Холгер Руне и Хуберт Хуркач се сопнаа во третата рунда на турнирот.