Тием лесно го доби Циципас за прв триумф на Мастерсот во Лондон

Доминик Тием го победи Стефанос Циципас со 2-1 (6-7/5, 6-4, 6-3), во првиот дуел од финалниот АТП Мастерс во Лондон. Дуелот од групата Б покажа сигурна игра на двата тенисери, ама Австриецот беше поконкретен и сконцентриран кога беше најпотребно и заслужено победи. 

Првиот сет не понуди ниту еден брејк, па Тием и Циципас мораа да играат тај-брејк. Во доигрувањето Циципас поведе и можеше да го добие сетот, ама следеше реакција и освоен сет за австрискиот тенисер. 

Во вториот сет, Гркот успеа да направи еден брејк кој му беше доволен да го добие со 4-6. Сепак, тоа како да го разлути Тием, кој во завршниот сет заигра сигурно и веднаш му одзеде сервис на Циципас, а потоа со добра игра стигна до 6-3, што му беше доволно за победа од 2-1. 

Во наредното коло, Тием ќе се пресмета со Рубљев, а Циципас ќе игра против Рафаел Надал, додека дотогаш Русинот ќе го предизвика Шпанецот вечерва од 21:00 часот.