Тием се „вади“ за скандалот во Париз со предлог да игра во двојки со Серена

Тием Серена

Доминик Тием и Серена Вилијамс се најдоа на насловните страници за време на Ролан Гарос.

Четвртиот светски тенисер нервозно реагираше кога организаторите на турнирот ја прекинаа неговата прес-конференција со цел да и овозможат на американската тенисерка да зборува пред медиумите по поразот од Софија Кенин.

Австриецот рече дека не му се допаѓа овој третман и ја „нападна“ Серена поради нејзиниот лош карактер.

Неколку недели по инцидентот, Тием изјави дека целосно заборавил на овој случај и како компензација за истиот сака да ја покани Американката да играат во двојки на Вимблдон или УС Опен.

Сега се очекува само одговорот од 23-кратната Грен слем шампионка...