Тием: Речиси е невозможно да се освои трофеј покрај вакви шампиони! 

Доминик Тием одигра одлична партија против Карел Хачанов и во три сета обезбеди полуфинале на вториот овосезонски Грен слем, Ролан Гарос, кој се игра во Париз. 

25-годишниот австриски тенисер во борбата за големото финале пред себе ќе го има првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, додека второто полуфинале го сочинуваат великаните Надал и Федерер. 

Тием вели дека во оваа конкуренција е речиси невозможно да се освои еден Грен слен трофеј. 

„Можеби не го започнав турнирот како што посакував, но од меч во меч играм подобро. Задоволен сум што обезбедив место меѓу четворицата најдобри, покрај големите Надал, Ѓоковиќ и Федерер. Да бидам искрен речиси невозможно е да се стигне до овој трофеј покрај вакви шампиони. Против Ноле ќе излеам на терен и ќе дадам сè од себе да одигран најдобро што можам“, рече Тием. 

Тием и Ѓоковиќ ќе се сретнат на централниот терен во Париз, „Шатрие“, веднаш по завршувањето на тениското „Ел класико“ меѓу Федерер и Надал кое започнува од 12:50 часот.