Тием преку Андерсон до второ финале во низа на турнирот во Мадрид

Доминик

Тенисерот кој го победи Рафаел Надал во Мадрид, Доминик Тием од Австрија, обезбеди финале преку Кевин Андерсон од Јужна Африка (6-4, 6-2).

24-годишникот продолжи да доминира на турнирот во шпанската престолнина и со еден брејк во првиот и два во вториот сет обезбеди ново финале за само еден час и половина игра. Тој докажа дека вчерашниот триумф над големиот фаворит и домашниот миленик Надал не беше случајна.

Противникот во финалето ќе го дознае вечерва кога во „Магичната кутија“ во Мадрид ќе се судрат Денис Шаповалов и Александер Зверев.