Тием по стапките на Надал, нема да игра на ОИ во Токио!

Тием

Тенискиот турнир во Токио загуби уште еден кандидат за највисок пласман. По лошите информации од таборот на Рафаел Надал, настапот на Олимписките игри го откажа и Доминик Тием.

Петтиот играч на светот не игра во најдобра форма во 2021 година. Како што вели, потребен му е одмор и одлуката ја донел по долг разговор со своите најблиски.

Австрискиот ас направи подолга пауза на почетокот на оваа сезона, со цел да ги „наполни батериите“. Но, повторно се врати без големи успеси на терените, што можеби е резултат на неговиот голем пад во самодовербата.

Следен предизвик за него ќе биде Вимблдон, каде нема да го гледаме Рафаел Надал, кој одлучи да не настапи на овогодишното издание.