Тием освои два тај-брејка и го изненади Надал во Лондон

Тием

Доминик Тием изненадувачки го победи Рафаел Надал со 2-0 (7-6/7, 7-6/4) и полесно од очекуваното стигна до второ славје на завршниот турнир во Лондон.

Мечот траеше речиси два и пол часа, а Австриецот одигра фантастично и без поголеми проблеми одговори на сите проблеми кои му ги направи неговиот противник. Тај-брејкот го одлучи првиот сет, а во  него Тием одигра најдобро во завршницата, кога ја направи клучната разлика.

Во продолжението и двата тенисери попуштија на свој сервис, па фановите беа сведоци на два брејка. Сепак, повторно се играше 13. гем, и одново донесе повеќе среќа за Австриецот. Овојпат тој го завери триумфот со 7-4.

Во последното коло Тием ќе го предизвика Рубљев, а Надал ќе игра со бранителот на титулата Циципас.