Тием експресно обезбеди четвртфинале, Монфилс ја разочара домашната публика

Доминик Тием

Австрискиот тенисер Доминик Тием без многу проблеми се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Денешниот меч против Гаел Монфилс од Франција го доби со убедливи 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-2).

Тием доминираше од почеток до крај, во првите два сета беше за брејк подобар од ривалот, а крајот го заокружи со убедлива игра во третиот сет.

25-годишникот важи за еден од фаворитите од сенка кои би можел да им направи проблеми на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Во следната фаза тој ќе го чека подобриот од денешниот дуел меѓу Карен Качанов и Хуан Мартин Дел Потро.