ВИДЕО: Тием без борба до полуфинале, Монфилс се извини пред сите!

Австрискиот тенисер Доминик Тием го комплетира првиот полуфинален пар на Мастерс-турнирот кој се игра во Индијан Велс, САД.

Тием, кој се наоѓа на осмото место на АТП-листата, требаше да игра натпревар против францсукиот колега Гаел Монфилс, но тој се откажа поради повреда.

Французинот направи голем потег и пред мечот се појави пред публиката и се извини затоа што мора да се откаже, а како причина наведе болки во Ахиловата тетива.

Доминик Тием во полуфиналето ќе игра против Милош Раониќ, кој во претходната рунда со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) го совлада српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ.

Извештај на денот: 

Во второто полуфинале ќе се судрат победниците од натпреварите Роџер Федерер - Хуберт Хуркац, како и Рафаел Надал - Карен Качанов.