• Иван Димовски

Американскиот тенисер Френсис Тиафо даде интересна изјава. Тој зборуваше за жртвите кои се потребни како професионален спортист, па се надоврза на пораки кои ги добил од Леброн Џејмс и Стеф Кари.
Тиафо исто така призна дека на стартот на кариерата не бил подготвен за притисокот.
„Доаѓам од скромно опкружување, стапив на сцената на 18-19 години и влегов во топ сто. Многумина зборуваа дека сум американска надеж, а беше тешко. Не бев подтготвен за тоа.
Ја сакам НБА лигата поради сите работи околу неа. Таму постои одредено ниво на посветеност и фокус. Запознав луѓе како Леброн и Кари, имаат свои пораки, важна е жртвата. Можеби е смешно, родителите некогаш ви ги зборуваат истите ср*ња, но кога тоа ќе го чуете од Кари и Леброн, тоа е поинаку. Зал ми е мамо, тато, но кога тие ќе го кажат тоа, време е да се жртвувам“, се пошегува Тиафо.
Тиафо во моментов се наоѓа на 16. место на АТП ранкингот, а најдобриот пласман му беше две позиции погоре.