Тиафо и Медведев први полуфиналисти во Индијан Велс

Френсис Тиафо и Данил Медведев се првите полуфиналисти на Мастерсот во Индијан Велс. Во првото четвртфинале Френсис Тиафо го нокаутира Камерон Нори, дванаесеттиот играч во светот. Американецот победи во два сета - 6-4, 6-4 по час и 25 минути игра.

Во првиот сет на Тиафо му беше доволен еден брејк за водство, но во вториот видовме дури пет. Американецот беше тој кој што успеа да направи еден повеќе и да забележи голема победа вредна место меѓу најдобрите четири.

Во вториот меч од четвртфиналната фаза, Данил Медведев во два сета беше подобар од Александар Давидович-Фокина. Русинот славеше со 6-3, 7-5. По еден брејк му беа доволни на Медведев во двата сета. Во првиот поуспешниот сè реши во вториот гем, а во вториот сет борбата беше пожестока и одлучувачки беше единаесеттиот гем.

Во преостанатите две четвртфиналиња в четврток ќе се сретнат Карлос Алкараз и Феликс Оже-Алиасим и Тејлор Фриц и Јаник Синер.