Тиафо го исфрли Медведев и се „чекира“ во четвртфиналето во Њујорк

Рускиот тенисер Данил Медведев е елиминиран од УС Опен во осминафиналето на турнирот. По нешто помалку од три часа голема борба, тој претрпе пораз од Американецот Френсис Тиафо со резултат 3-0 во сетови (7-6/1, 6-4, 7-6/6. Со оваа победа, домашниот тенисер Тиафо се пласира во четвртфиналето на Грен слемот во Њујорк. 

Иако Данил Медведев имаше дури 14 асови, сепак направи клучни грешки во тај-брејковите, додека Френсис Тиафо одигра брилијантно на мрежа без ниту една двојна сервис грешка. 

Во четвртфиналето, Френсис Тиафо ќе се соочи со својот сонародник, младиот Американец Алекс Мишелсен. Мишелсен го обезбеди своето место меѓу најдобрите осум со победа над Томас Мартин Ечевери (3-0).

Ноќва беа одиграни уште неколку важни мечеви во машка конкуренција: Втората недела ја турнирот ја обезбедија и Алкараз и Шелтон.

Најнови вести од
УС Опен, ATP Singles