• Горан Упале
Франсис Тиафо продолжува со одличните настапи на домашен терен и се пласира во осминафиналето на УС Опен, откако убедливо го совлада Валентан Вашеро со 6-4, 6-2, 6-4.
На „Луис Армстронг“ немаше голема неизвесност околу победникот, но публиката и тоа како имаше причина за уживање. Тиафо уште еднаш покажа дека особено му одговара атмосферата во Њујорк.
„Неверојатна е енергијата што ја нуди овој турнир, особено на ‘Луис Армстронг’. Има многу љубов овде“, изјави Американецот, кој со секој нов триумф е сè поблиску до враќање во Топ 10 на АТП-листата.
Тиафо моментално е дванаесетти тенисер во светот, а со уште една победа на турнирот ќе се израмни по бројот на бодови со Новак Ѓоковиќ, кој се наоѓа на 11. место.
Американецот сега го очекува многу потежок предизвик, Данил Медведев. Русинот има убедлива предност во меѓусебните дуели од 6-1, а по подолг период повторно игра во одлична форма.



