Тешко е да си фан на Медведев, Русинот потфрли во Париз

Рускиот тенисер Данил Медведев ги разочара навивачите и испадна во 1/16-финалето на мастерс турнирот кој се игра во Париз, Франција.

Медведев во три сета загуби од Австралиецот Алексеј Попирин, со 1-2 во сетови (4-6, 6-2, 6-7). Првиот сет Медведев го загуби заради брејк за 4-6, а потоа иако во вториот се поправи и одигра далеку подобро, во третиот потфрли во тај-брејкот во кој загуби два поени по ред.

Со оваа елиминација продолжуваат разочарувачките резултати на Медведев, од кого се очекуваше повеќе во 2024 година.