Тензии во Барселона: Циципас испрати „куршум“ кој за малку не го погоди Алкараз (ВИДЕО)

Циципас

Стефанос Циципас направи потег поради кој заслужено доби свирежи од публиката на турнирот во Барселона.

Грчкиот тенисер, кој го загуби четвртфиналниот дуел, за малку не направи инцидент и не го погоди Карлос Алкараз. Неговиот силен удар за малку не заврши во телото на противникот, кој незадоволно гледаше кон него поради оваа несфатлива реакција.

Во третиот сет Циципас замина во тоалет, па кога се врати доби казна поради времетраењето на неговата пауза. Тоа го натера да направи расправија со судијата и дополнително да ја испровоцира присутната публика.