Тенисот ги враќа фановите: Најмалку 1.000 гледачи на трибините на Ролан Гарос

„Белиот“ спорт полека се враќа во нормала по големата криза заради пандемијата од ковид-19.

Овогодишното издание на Ролан Гарос ќе се одржи со гледачи на трибините, но во ограничен број, соопштија властите во Париз.

„Донесовме одлука капацитетот на трибините да биде исполнет до 35% или најмногу 1.000 луѓе“, соопшти францускиот министер за спорт Жан Мишел Бланке.

Ако состојбата со пандемијата на коронавирус биде поволна, бројот на гледачи почнувајќи од четвртфиналните мечеви на Роланд Гарос ќе биде зголемен до 5.000. Роланд Гарос треба да стартува на 30 мај, една недела подоцна од првично утврдениот термин.