• Мартин Танасковски
Саудиска Арабија се подготвува за најбогатиот тениски турнир во историјата. Егзибицискиот настан „Турнирот на шесте тениски кралеви“ ќе се игра во арапската земја, со награден рекорден фонд.
Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Јаник Синер, Карлос Алкараз, Данил Медведев и Хелгер Руне се учесниците на овој престижен настан во земјата на парите. Одредено е Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал да го скокнат првиот дел и да се пласираат директно во полуфиналето.
Во текот на првиот ден, еден против друг ќе играат Медведев против Синер, односно Руне против Алкараз. Победникот од мечот Медведев – Синер ќе се соочи со Ѓоковиќ, додека победникот од втората двојка ќе игра со Рафаел Надал.
За учество на овој турнир, тенисерите имаат сигурни 1,5 милиони долари, а победникот ќе инкасира неверојатни 6.000.000 долари. Најбогатиот тениски турнир на програмата е од 16 до 19 октомври.