Тениски спектакл во најава, сите ѕвезди се пријавија за настап во Синсинати

Синсинати

Турнирот во Синсинати ќе донесе атмоски тенис, бидејќи на листата учесници може да се забележат сите големи тениски ѕвезди на денешницата.

Новак Ѓоковиќ ќе ја има улогата прв носител, а покрај него тука ќе бидат Рафаел Надал и Роџер Федерер. Самото присуство на „големата тројка“ е најава за спектакл.

Во кокнуренција за трофејот ќе бидат уште Данил Медведев, Матео Беретини, Доминик Тием, Александер Зверев...

Турнирот во Соединетите Американски Држави ќе се одржи од 22 до 28 август. Во ланското финале Ѓоковиќ во три сета беше подобар од Милош Раониќ од Канада.