Тениската сензација од Русија го повтори подвигот на Серена од 1999 година!

Руската тенисерка Мира Андреева направи огромен скок на ВТА ранг-листата по освојувањето на титулата во Индијан Велс.

Андреева во големото финале славеше против најдобрата тенисерка Арина Сабаленка и ја освои својата втора голема титупа, по Дубаи. Таа, исто така, стана најмладата тенисерка која ги победи првата (Сабаленка) и втората тенисерка во светот (Швјонтек) на нејзиниот пат до титулата. Последен пат ова ѝ успеа на Серена Вилијамс во 1999 година.

Сето ова ѝ донесе скок од пет места и пласман на шестото место, веднаш зад шампионката на Австралија опен, Медисон Кис. 

На првата позиција останува Арина Сабаленка, втора е Швјонтек, а во Топ 5 се уште тенисерките од САД Пегула и Кис.