ВИДЕО: Тенисерки заборавија на фер-плејот и тргнаа да се тепаат по мечот

Лас Вегас тенис

Катерине Себов и Алисија Паркс беа дел од несекојдневна завршница на тениски меч одигран во Лас Вегас.

Победата ја однесе Канаѓанката, што предизвика револт кај нејзината противничка. Откако се поздравија на мрежа, двете тенисерки си дофрлија некои зборови, а целата ситуација заврши со физички контакт.

Уште пошокантна беше реакцијата на таткото на Паркс, кој ја прескокна оградата и започна да и се заканува на младата Катерине.

ИТФ сè уште не презела никакви дејствија против двете тенисерки, против кои е започната истрага за тепачката.