ВИДЕО: Тенисерки за малку ќе се степаа - „Немој да лажеш, не си повредена!“

Слоан Стивенс и Анастасија Павличенкова се сретнаа во 1. коло на ВТА-турнирот во Пекинг, а дуелот го одбележа вербална кавга на двете тенисерки која можеше да прерасне во физичка пресметка да не се влучеше главната судијка на средбата.

Американската тенисерка водеше со 5-2, по што Русинката реши да побара медицински тајм-аут поради наводни болки во рамото. Одлуката да побара медицински тајм-аут не ѝ се допадна на Стивенс, која по крајот на сетот вербално ја нападна противничката.

„Покажуваш големо непочитување, побара медицински тајм-аут на 5-2, а не си повредена. Немој да бидеш смешна“, кажа Стивенс.

За да се смири ситуацијата, мораше на терен да се симне и судијката Жанг која разговараше со двете страни.

„Ти не можеш да знаеш дали сум повредена“, возврати Русинката по нападот на Американката.

Жар постоеше и во продолжението од мечот, затоа што во третиот сет камерите ја фатија Стивенс како вика „Оваа к*рва сакаше да ме удри!“, откако противничката се обиде да земе поен со смеч.

Натпреварот меѓу двете тенисерки заврши со триумф од 2-1 на Стивенс во сетови, со 6-7, 6-4, 6-4.