• Мартин Танасковски
Германката Лаура Зигемунд победи во најдолгиот женски тениски натпревар на ВТА во последните 13 години.
Тенисерката ја победи Шију Ванг од Кина со резултат 7-6 (3), 4-6, 7-6 (1) во натпревар кој траеше вкупно четири часа и девет минути и се пласира во четвртфиналето на турнирот Хуа Хин во Тајланд.
Според ВТА, ова е прв пат од 2011 година две тенисерки да бидат на терен повеќе од четири часа. Тогаш Русинката Светлана Кузњецова и Италијанката Франческа Скијавоне одиграа 4:44 часа на Австралија опен, најдолгиот женски Грен слем натпревар во професионалната ера.