ФОТО: Тенисер направи анкета со белегот на теренот поради кој го загуби натпреварот

Фукович

Унгарецот Мартон Фукович го искористи својот мобилен телефон по поразот од Николоз Басилашвили за да направи фотографија од моментот кој го одбележа мечот.

Се работи за последниот поен на сервис на противникот, поточно белегот на земјата на терените во Рим. Тој сметаше дека топчето завршило надвор, но не и судијата, кој дозволи играта да продолжи.

Фотографијата на крај заврши на Инстаграм профилот на унгарскиот тенисер кој ги запраша фановите дали судиската одлука е исправна или не.

Истата се чини ги оправдува неговиот зборовите и е потврда дека тој не добил фер шанса во тај брејкот во вториот сет.