Тенисер кој никогаш не бил во Топ 100 приреди сензација на Вимблдон

Британскиот тенисер Артур Фери приреди големо изненадување на Вимблдон, откако во осминафиналето го елиминира Григор Димитров со 3-2 во сетови (7-5, 3-6, 4-6, 6-4, 7-6). 

Дваесет и тригодишниот Фери, кој е роден во близина на комплексот „Ол Ингланд Клаб“, за првпат во кариерата се пласира во четвртфинале на Грен слем и од следната недела ќе дебитира во Топ 100 на АТП-листата. Во следната рунда ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи.

Без поголеми проблеми меѓу осумте најдобри се пласира и Тејлор Фриц. Американецот со убедливи 3-0 во сетови (7-6, 6-4, 6-4) го совлада Александар Бублик и по четврти пат во кариерата избори четвртфинале на Вимблдон. Следен противник на Фриц ќе биде победникот од дуелот меѓу Александер Зверев и Јиржи Лехечка.