Тенисер доби доживотна суспензија и треба да ги врати сите пари кои нечесно ги заработи!

Светскиот тенис денес ја изрече најголемата казна во историјата, откако еден тенисер доби доживотна суспензија поради учество во наместени натпревари. Се работи за искусниот Диего Матос од Бразил кој беше обвинет за директно учество во местење на десет натпревари во 2018 година од кои самиот тој финансиски профитирал. 

Натпреварите се одиграле на ИТФ турнири во Шри Ланка, Бразил, Еквадор, Шпанија и Португалија, a Матос покрај суспензијата ќе мора да врати и околу 150.000 евра, колку што се претпоставува дека заработил на неспортски начин. 

Тенискиот свет долго време се бори со тенисерите кои профитираат од наместени натпревари, а оваа казна на Матос сигурно многу ќе влијае на понатамошниот исход од оваа борба.