Тенисер до судијата: Еј, тука некој пуши марихуана... Чувствуваш? (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Виктор Троицки за време на натпревар на турнирот во Бордо се пожали дека некој од публиката пуши марихуана за време на натпревар.

Троицки на челенџерот во рамки на првото коло играше против Николас Махут, а за време на натпреварот направи прекин и имаше разговор со судијата.

„Еј, тука некој пуши марихуана. Чувствуваш?“, го запраша судијата, а тој му одговори потврдно.

Троицки ја мина првата пречка и го совлада Махут, но настапите ги заврши во второто коло каде загуби од Жо-Вилфрид Цонга.